Барселона – Мајорка 1:0 е епилогот од вечерашниот меч во рамките на 33.коло во Ла Лига. Составот на Ханси Флик заслужено победи, имаше неколку шанси, па и зицери, но успеа да постигне само еден гол и тоа оној на Дани Олмо во 46.минута.
Интересно, ова беше 18 меч во низа против Мајорка за Барселона на кој нема пораз од овој тим од Балеарите.
Нема што, Барса маршира кон титулата во Ла Лига.
Секако дека оваа победа, овие три бода се од големо значење за каталонската гордост. Имено сега Барса има +7 бодови пред Реал Мадрид, кој има и меч помалку, оној утрешниот против Гетафе.
Јасно е дека сега притисокот повторно е на “кралевите“ кои утре мораат, ама баш мораат да слават на гостувањето кај Гетафе.
🚨🇪🇸 GOAL | Barcelona 1-0 Mallorca | Dani Olmo
DANI OLMO OPENS THE SCORING FOR BARCELONA!pic.twitter.com/9wA43TCHvS
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 22, 2025