Баерн го испрати Нојер на опоравување во Бразил

20.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн го испрати Нојер на опоравување во Бразил
фото: Instant Foot (X)

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, моментно ја одработува рехабилитацијата во Бразил, откако со дозвола на клубот добил можност закрепнувањето да го продолжи надвор од Минхен.

Четириесетгодишниот чувар на мрежата се повреди на 7 ноември, на натпреварот против Мајнц, кога заработи делумно кинење на тетива во десното стапало. Поради повредата мораше да го напушти теренот пред крајот на првото полувреме, а Баерн потврди дека извесен период нема да биде на располагање.

Според германските медиуми, одлуката за продолжување на рехабилитацијата во Бразил била донесена во договор со спортското раководство и медицинскиот тим на Баерн. Клубот му одобрил една недела да закрепнува на друга локација, а се очекува Нојер да се врати во Германија на 25 ноември.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата