Ако Ливерпул не му даде нов договор: Ван Дајк заминува на Апенините?

20.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ако Ливерпул не му даде нов договор: Ван Дајк заминува на Апенините?
фото: Fabrizio Romano (X)

Милан сериозно размислува за ангажман на капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој би можел да пристигне на „Сан Сиро“ во летниот преоден рок во 2027 година, без обесштетување.

Договорот на 35-годишниот холандски дефанзивец со Ливерпул истекува во јуни 2027 година, а засега нема договор за продолжување на соработката. Ван Дајк наводно бара нов двегодишен договор, додека раководството на англискиот клуб сè уште не е подготвено да ги исполни неговите барања.

Сопственикот на Милан, Џери Кардинале, е голем симпатизер на холандскиот репрезентативец, а интерес за негов ангажман има и од советникот на клубот, Златан Ибрахимовиќ. Во Милан веруваат дека искуството и лидерските способности на Ван Дајк би биле значајно засилување за одбраната.

Сепак, италијанскиот клуб ќе има сериозна конкуренција, пред сè од Саудиска Арабија и Турција, каде што интерес за дефанзивецот покажуваат неколку клубови. Дополнителен услов за Милан би можел да биде и обезбедувањето пласман во Лигата на шампионите.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата