Астон Вила се засили со тинејџер од Мец

12.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Астон Вила се засили со тинејџер од Мец

Екипата на Астон Вила инвестира во својата иднина и го доведе тинејџерот на тимот на Мец, Брајан Маџо. Деталите околу трансферот не се познати, но секако дека се работи за повеќе милионски трансфер, па англиските медиуми шпекулираат дека францускиот тим инкасирал 12 милиони.

Маџо има само 17 години и е класичен напаѓач. Оваа сезона настапи на пет мечеви за неговиот тим.

Интересно е што роден во Англија, а има потекло и од Луксембург, за чија што репрезентација веќе имаше дебитирано, за да потоа ја смени истата со националниот дрес на Англија.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата