Вонредното Премиер лига коло кое што трае неделава, утре го има зенитот со дербито помеѓу екипите на Арсенал и Ливерпул закажано со 21:00 часот.
Традиционално како најава за мечот се прес конференциите, на која што менаџерот на Арсенал, Микаел Артета го најави дуелот кој може да го одбележи овој дел од сезоната во Англија.
„Возбуден сум. Ова е огромен натпревар против последните шампиони на Премиер лигата. Имаме што да докажеме. Нашите навивачи ќе создадат неверојатна атмосфера. Тие прават разлика. Со нивната поддршка ние сме поинаков тим. Нивото на енергија, посветеност, самодоверба и желба се пренесува од нив. Ни треба тоа утре. Ние сме на врвот на табелата, играме дома против навистина добар противник. Сакаме да ја задржиме нашата позиција. За да го направиме тоа, ќе мора да бидеме одлични во текот на целиот натпревар. Тоа е она што треба да го докажеме.“ – рече Артета.
„Сè уште мислам дека се одличен тим. Мора да се разбере контекстот во кој се наоѓаат поради некои повреди и тешкотиите на лигата за сите нас, но моето мислење за нив не се промени“, рече Артета во пресрет на утрешното дерби.Москера и Калафиори нема да бидат достапни. Мислам дека ќе се вратат многу брзо. Тие мора да поминат низ последната фаза од рехабилитацијата и ако сè е во ред, наскоро повторно ќе бидат достапни.“ – рече Артета.

