Артета не може веќе да го чека Парти, во Арсенал доаѓа репрезентативец на Данска!

22.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Артета не може веќе да го чека Парти, во Арсенал доаѓа репрезентативец на Данска!

Иако Мартин Зубименди е нов член на Арсенал, сепак Микел Артета посакува уште посилен среден ред, посебно ако се знае дека преговорите со Томас Парти за нов договор некако тешко одат. Откако фудбалерот од Африка наскоро ќе биде слободен играч, а нема позитивен одговор од негова страна за нов договор, раководството на Арсенал и тоа како “загриза“ по играчот за врска на Брентфорд и репрезентативец на Данска, Кристојан Норгард. Станува збор за класичен дефанзивен играч за врска, кој знае и тоа како да ги „тресе“ противничките мрежи. Во текот на изминатата сезона тој во пет наврати се запишал во листата на стрелците.

Артета за Норгард има високо мислење и затоа Арсенал ќе стори се во текот на летниот преоден рок да го доведе на „Емирејтс“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата