Сосема очекувано, Астон Вила и Арсенал вечерва во реванш осминафиналните дуели само го потврдија своето место во четвртфиналето, откако по првите гостински средби донесоа убедливи победи. Арсенал вечерва на домашен терен со малку комбиниран состав одиграа нерешени 2:2 против ПСВ, но поради оние 7:1 на првиот дуел во Холандија, „топчиите“ без проблеми влегоа во најдобрата „осумка“ во Европа.
Зинченко и Рајс постигнаа голови за Арсенал, додека за реми на ПСВ се потрудија Перишиќ и Дриуех.
Екипата на Астон Вила и вторпат беше подобра од Бриж, овој пат со 3:0. Во првото полувреме на „Вила Парк“ беше без голови, но во вториот дел момците на Унаи емери го прегазија белгискиот тим постигнувајќи три гола преку Асенски (два гола) и Матсен.
Највозбудливиот дуел во Мадрид меѓу градските ривали Атлетико (М) и Реал (М) заврши со победа на домашните од 1:0 и тоа благодарение на голот на Конор Галагер уште во 28 секунда од мечот. Атлетико ја анулираше негативата од првиот меч (1:2), па дуелот сега оди на дополнителни 30 минути.