Англиска „петарда“ на Маракана, Молдавија прими 11 гола од Норвешка

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Англиска „петарда“ на Маракана, Молдавија прими 11 гола од Норвешка

Репрезентативците на Англија убедливо ја совладаа Србија со 0:5 во вечерашниот натпревар од квалификациите за Светското Првенство. Избраниците на Томас Тухел одиграа одличен меч пред полната арена во Белград и на крајот испратија „петарда“ во српската мрежа. Стрелци на головите беа Кејн во 33-тата, Мадуеке во 35-тата, Конса во 52-та, Геи во 75-тата и Рашфорд од пенал во 90-тата минута. Србите играа со играч помалку од 72-та минута кога Миленковиќ доби црвен картон.

Норвешка и нанесе историски пораз на Молдавија и ја победи со неверојатни 11:1. Ова е најтежок пораз во историјата на молдавската репрезентација. Ерлинг Халанд постигна 5 гола, а го следеа Асгард со 4 гола и Одегард и Мире со еден гол. Маестралниот Кристијано Роналдо повторно погоди во победата на Португалија со 2:3 против Унгарија. 40-годишникот го израмни рекордот на Гватемалецот Карлос Руиз и сега го дели првото место со 39 постигнати гола во квалификациите за светските првенства.

Франција едвај успеа да извлече „жива глава“ и го совлада храбриот Исланд со 2:1. Стрелци беа Гудјонсен во 21-та, Килијан Мбапе во 45-тата и Баркола во 62-та минута. Французите играа и со играч помалку откако Чуамени доби директен црвен картон во 67-та минута.  Со овој гол Килијан Мбапе го престигна Тиери Анри на листата на најдобри стрелци во француската репрезентација. Босна и Херцеговина киксна на домашен терен и загуби со 1:2 против Австрија. Со ова реми избраниците на Сергеј Барбарез значително си го отежнаа патот до ново СП.

Албанија минимално ја совлада Летонија со 1:0 со голот на Аслани од пенал и се искачи на второто место во групата К. Романија неочекувано киксна и ги подели бодовите со Кипар во натпреварот кој заврши со резултат 2:2.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата