Анчелоти: Не размислуваме и не тренираме пенали

11.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анчелоти: Не размислуваме и не тренираме пенали

Во очекување на реванш мечот меѓу Атлетико (М) и Реал (М) во осминафиналето на Лигата на шампионите, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за очекувањата од вторите 90 минути против лутиот градски ривал.

„Мотивирани сме, како и секогаш на овој турнир. Ќе биде тежок натпревар и го знаеме тоа. Но, уверени сме дека ќе продолжиме да се бориме на овој турнир, кој е посебен. Ова е натпревар кој ни овозможува да продолжиме да сонуваме, како во претходните години. Колку што се сеќавам, сите наши натпревари беа тензични и рамноправни. Утре ќе биде сосема исто. Резултатот ќе зависи од мали детали. Така било отсекогаш и така ќе биде и утре. За нас целта е јасна: сакаме да стигнеме до четвртфиналето. Тешко е да се вежбаат пенали. Во моментов не размислуваме за тоа. Во моментов размислуваме како добро да го испланираме нашиот пристап кон натпреварот“, изјави Анчелоти.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата