Анчелоти ги собра „кариоките“, почна новата ера на бразилската репрезентација (ВИДЕО)

2.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анчелоти ги собра „кариоките“, почна новата ера на бразилската репрезентација (ВИДЕО)

Довчерашниот тренер на Реал (М), Карло Анчелоти, утрово го имаше првиот собир со фудбалската репрезентација на Бразил. Италијанецот собра 14 фудбалери од бразислиот национален тим во Сао Паоло, пред првиот натпревар во четврток против Еквадор на гостински терен.

Меѓу повиканите кои први дојдоа на собирот на Анчелоти беа Вандерсон, Бенто, Ричарлисон, Александро, Андреј Сантос, Бруно Гимараеш, Едерсон, Алисон, Рафиња, Андреас Переира, Антони, Габриел Мартинели, Винисиус Жуниор и Хуго Соуза.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата