Ајде што едвај некако излезе од ужасната форма и очајните резултати на Олд Трафорд сега сега се појави нов проблем.
Дел од играчите на Манчестер Јунајтед се незадоволни од минутажата и сакаат да си заминат на зима. Тоа се Коби Меино и Џошуа Зикрзе.
„Бев фудбалер. Разбирам сè и сакам да им помогнам на моите играчи во секоја ситуација. Сакам да бидат среќни. Го разбирам незадоволството на некои од нив, Светското првенство доаѓа и знам што значи тоа за нив. Но, Манчестер Јунајтед мора да биде на прво место“, рече менаџерот Рубен Аморим за Меино и Зиркзе па додаде.
„Ако можам да им помогнам и на клубот и на играчите, ќе бидам среќен. Ако не, ќе размислувам за тимот. Клубот треба да биде најважен, па ќе мора да размислиме за тоа, а потоа сè може да се случи“, додаде Португалецот.

