Мурињо објасни зошто му побелела косата: Сето тоа е поради еден фудбалер и неговиот менаџер

24.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мурињо објасни зошто му побелела косата: Сето тоа е поради еден фудбалер и неговиот менаџер

Жозе Мурињо преку хумор ја откри причината за неговата седа коса, раскажувајќи посебна приказна од времето кога тренираше фудбалер во неговите поранешни клубови, Реал Мадрид и Челзи.

„Го тренирав Ласана Диара во Реал Мадрид и Челзи. Целата оваа бела коса на мојата глава е поради Ласана и неговиот агент“, рече Мурињо, пред да продолжи:

„Ако игра 90 минути и се снајде добро, неговиот агент доаѓа следниот ден и бара нов договор и поголема плата. Ако е на клупата и не игра, неговиот агент доаѓа во понеделник наутро и бара состанок бидејќи Ласана сака да си замине“, се пошегува Португалецот.

Дијара одигра 96 натпревари под водство на Жозе Мурињо за време на неговиот престој во Челзи, а потоа и во Реал Мадрид, при што имаше пет асистенции.

Поранешниот француски репрезентативец (40) се пензионираше од фудбалот како играч на ПСЖ во 2019 година, а играше и за Марсеј, Локомотив Москва, Арсенал, Анже, Ле Авр, Портсмут…

Тој ја освои Премиер лигата со Челзи, Ла Лига со Реал, а има и две титули во францускиот шампионат.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата