Тотенхем е новиот победник на Лигата на Европа. Во финалето во Билбао, го победи Манчестер Јунајтед со 1-0, со што обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона. Единствениот гол на натпреварот го постигна Бренан Џонсон во 42-та минута од натпреварот.
Тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, го коментираше натпреварот.
„Во овој момент не сум тука да се бранам. Тоа не е мој стил. Немам што да им покажам на навивачите. Во овој момент ми треба малку верба. Секогаш сум отворен. Ако раководството и навивачите сметаат дека не сум вистинската личност, ќе си заминам следниот ден. Но, нема да се откажам. Уверен сум во мојата работа. Како што можете да видите, нема да сменам ништо во начинот на кој ги правам работите.
Имаше денови кога велев дека сме навистина лоши. Денес не беше тој ден. Не бевме совршени, мора да се подобриме, но секогаш сум искрен“, заклучи тој.