Салах со порака по финалето во Билбао, во фокусот тренерот на Тотенхем

22.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салах со порака по финалето во Билбао, во фокусот тренерот на Тотенхем

Иако неизвесноста е најголемиот шарм на фудбалот, големиот триумф на Тотенхем против Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на Европа го потврди правилото дека харизматичниот Анге Постеколгу секогаш освојува трофеи во својата втора сезона во еден клуб.

Тоа беше случајот во среда навечер во Билбао против Јунајтед, каде што лондонскиот клуб славеше со 1-0 во едно од подосадните финалиња на најголемите меѓународни клупски натпреварувања на Стариот континент.

По големиот успех се огласи и асот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој му честиташе на Тотенхем за големиот успех на популарната социјална мрежа „X“, фокусирајќи се на зборовите на Постекоглу, кои добија на значење синоќа.

„Рече дека ќе победи во втората сезона. Честитки“, напиша Египќанецот, кој ќе продолжи да води големи битки против Тотенхем следната сезона.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата