Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, зборуваше по победата на неговиот тим од 3-2 над Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД.
„Ја контролиравме играта. Во последните десет минути се опуштивме, можеби. Ја изгубивме концентрацијата, не ја покажавме формата што ја покажувавме на секој натпревар, но одиме напред – тоа е важно. Во последните десет минути мора да ги подобриме нашите перформанси“, рече Алонсо.
Тренерот на „кралевите“ беше прашан и за настапот на Гонзало Гарсија, кој имаше уште еден силен натпревар и сега има 4 гола и 1 асистенција на 5 натпревари.
„Тој е тимски играч, работи за тимот, секогаш е на вистинските позиции во шеснаесетникот. Тој е вистинскиот број девет и среќен сум што го имам“, додаде Алонсо.
Специјалистот потоа зборуваше за своите очекувања од полуфиналниот натпревар против Пари Сен Жермен.
„Ќе биде огромен предизвик за нас да се соочиме со ПСЖ. Кога ќе ги извлечеме позитивните страни од денешниот натпревар, ќе размислиме за следниот“, додаде Алонсо.
Конечно, тренерот зборуваше и за состојбата на Трент Александар-Арнолд, кој помина низ исклучително тежок ментален удар пред неколку дена кога дозна за смртта на неговиот поранешен соиграч од Ливерпул – Диого Жота.
„Се навикна на новиот клуб, на барањата – знаете, тој дојде од Ливерпул. Тој беше и на погребот на Жота, па затоа требаше повторно да се адаптира, враќајќи се тука кај нас“, заклучи Алонсо.