Има „дил“: Реал го обезбеди и новиот потпис на Валверде

20.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Има „дил“: Реал го обезбеди и новиот потпис на Валверде
фото: Real Madrid CF( X)

Реал Мадрид постигнал договор со Федерико Валверде за продолжување на соработката до 2031 година, објавуваат шпанските медиуми. Според информациите на „АС“, актуелниот договор на уругвајскиот репрезентативец, кој истекува во 2029 година, ќе биде продолжен за дополнителни две сезони.

Со новиот договор Валверде ќе добие и значително зголемување на платата, со што ќе се најде меѓу најплатените фудбалери во мадридскиот клуб. Дополнително, според информациите на „Атлетик“, во договорот ќе биде вметната откупна клаузула од неверојатни една милијарда евра.

Валверде пристигна во Реал во 2016 година од уругвајскиот Пењарол, како 18-годишен талент, а со текот на годините се наметна како еден од клучните играчи и лидер на екипата. Досега има одиграно 387 натпревари за „кралскиот клуб“, постигнато 44 гола и освоено 14 трофеи.

Официјалната потврда за продолжувањето на договорот сè уште се очекува.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата