Вработена во Фондот за пензиско аплицирала за брзи кредити во име на друго лице

20.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вработена во Фондот за пензиско аплицирала за брзи кредити во име на друго лице

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против М.Џ. од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 28.04.2020 до 21.09.2022, пријавената – вработена во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување – Виница ги злоупотребила своите работни задачи и обврски и во четири наврати аплицирала за брзи кредити во две финансиски друштва на име на друго лице од Виница, користејќи ги нејзините лични податоци.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата