Изборите стануваат главна тема во јавноста, пред се од причина што доминантен дел од јавноста е незадоволен од валста и бара промени а изборите се токму тој пат до промените и, второ, се бара јасна програма за економските и национални теми која програма власта не може да ја понуди, помеѓу останатото, и затоа што седум години имала време да ги спроведе очекувањата но, спровела нешто сосема спротивно.
Двојната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ се одржува и во месец март во изборните единици 2 и 6, а неизвесна е трката помеѓу ДУИ и Албанската опозиција.
Имено според анкетата на ИПИС објавена во емисијата Објектив на МРТ а спроведена во месец март на прашањето за која партија би гласале на престојните избори, <b>во втората изборна единица</b> најмногу 20,4% од испитаниците се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а 11,1% за СДСМ. По нив следат ДУИ со 7,4%, албанската опозиција со 6% и движењето ЗНАМ со 5,6% доверба од анкетираните.
Во <b>шестата изборна единица</b> најголема доверба меѓу граѓаните во месец март имале Европскиот сојуз за промени (албанската опозиција) со 20,2%, а веднаш зад нив ДУИ со 20%.
ВМРО-ДПМНЕ бележи 8,6% доверба во ИЕ 6, а СДСМ има 4% поддршка од анкетираните.