Таравари не се враќал назад, АМА МИСЛИ ДЕКА ИМА ПРОСТОР ЗА ДОГОВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

29. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Таравари не се враќал назад, АМА МИСЛИ ДЕКА ИМА ПРОСТОР ЗА ДОГОВОР ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Лидерот на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари информира дека засега имаат сигурна одлука дека ќе одат со посебни советнички листи на локалните избори. За се друго, вели дека се подготвени да разговараат и преговараат.

Истакна дека има редовна комуникација со премиерот и дека откако тој ќе се врати од службеното патување, ќе разговараат.

-Штом ќе се врати премиерот од пат, ќе се видиме и ќе разговараме, инаку имаме редовна комуникација. Тоа што го кажал господинот Николоски, сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго, сме подготвени  и отворени да разговараме со  сите во однос на локалните избори, рече Таравари.

Николоски вели дека Владата е стабилна а турбуленциите во коалицијата ВЛЕН немаат капацитет да го урнат комотното мнозинство. Не очекува Таравари да сврти кон ДУИ.

На политичката сцена бранувања околу стабилноста на владината коалиција и комбинаторики за претстојните избори. Парламентарното мнозинство е стабилно без разлика на случувањата во коалицијата  ВЛЕН, уверува собранискиот спикер Гаши. Тој смирува дека нема простор за паника со турбуленции во владејачкото мнозинство.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата