Мора да бидеме свесни дека многумина нашето битисување на овие простори не ги прави среќни, вели премиерот Христијан Мицкоски во видео објавено на социјалните мрежи
После сите негирања, кочења, напади многумина може да го донесат заклучокот, „добро дали постои нешто што не негираат?“. Морам да кажам дека како човек и како претседател на Владата сум многу спокоен, затоа што знам кој сум, знам кои сме и што сме