Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Неделен возен ред на Духовден, Жичарницата ќе работи вообичаено

1 јуни 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поради верскиот празник Духовден, утре, петок (2.6.2023) и во сабота (3.6.2023) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела (4.6.2023) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Утре, петок (2.6.2023), во сабота (3.6.2023) и во недела (4.6.2023), на линиите 59 (Карпош3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода – Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Утре, петок (2.6.2023) билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а во сабота (3.6.2023) ќе имаат редовно работно време.

Жичарницата утре, петок (2.6.2023) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ