Повеќе од 222.000
активни договори за кредитирање и други услуги за физички лица во вкупна
вредност од 8,7 милијарди денари (142 милиона евра) заклучно со минатата
година, биле склучени минатата година од страна на финансиските друштва во
Македонија, пренесува порталот Bloomberg Аdria
Финансиските
друштва може да се пофалат со огромен и континуиран раст и успешно дополнување
на празнините оставени од банкарскиот сектор. На ниво на сектор, нето-добивката
на финансиските друштва лани се зголемила за 64,6 проценти или 515 милиони
денари (8,3 милиони евра).
Според регистарот
на Министерството за финансии, во земјава заклучно со август годинава
функционираат 28 финансиски друштва.
„Финансиските
друштва се еден од најдинамичните сегменти од финансискиот систем, чија актива
во последните неколку години е во постојан раст. Во 2023 година средствата на
овој сегмент се зголемија за 24 проценти, во чии рамки одобрените кредити (кои
се главно кон физичките лица) пораснаа за 26 проценти“, наведуваат од Народната
банка во извештајот за финансиската стабилност во 2023 година