Филипче зборува за идентитет, А КОГА ЌЕ СЕ ОГРАДИ ОД ЗАЕВ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е БУГАРСКИ и постои од Втора светска војна?

24. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филипче зборува за идентитет, А КОГА ЌЕ СЕ ОГРАДИ ОД ЗАЕВ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е БУГАРСКИ и постои од Втора светска војна?

Венко Филипче говори за идентитет, јазик и писменост. Оттука јавно прашуваме: Прво, кога Филипче ќе се огради од ставовите на Заев дека македонскиот јазик е бугарски, дека македонскиот јазик постои од после Втората светска војна, и дека Бугарите биле ослободители, администратори место поробители?

Вака од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на честитката на Венко Филипче за Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Второ, велат од партијата, дали малку му е срам, што СДС не е никаква брана кон бугарскиот национализам и тоа што смета дека треба да се прифатат сите бугарски ултиматуми?

Венко Филипче, истапувајќи со изјави за идентитетот, јазикот и писменоста заборава дека тие зборови имаат тежина.

Исто така го прашуваме Филипче, дали разбира дека легитимирање на бугарските ултиматуми, не е прашање на дипломатија? Дали знае дека ова се позиции кои се директен напад врз суштината на македонската државност? Дали знае дека се позиции кои го понижуваат делото на Кирил и Методиј и отвораат простор за национално обезличување?

Делото на Кирил и Методиј не е за политички говори, тоа е обврска, да се зборува гласно и да се брани јазикот.

Кога Венко Филипче зборува за идентитет, тоа е како криминалец да зборува за чесност, стои во реакцијата.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, денеска упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј. Филипче истакна дека браќата Кирил и Методиј не се само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, тие се и темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура.

„ Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј – основачите на првото словенско писмо. Браќата Кирил и Методиј не се само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, тие се и темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата