Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против
39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од
член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од
член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп
начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и
телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Оштетената, пред нејзината
куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја
удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе,
каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја
удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото.
Оштетената <span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">а</span>не
можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, па посегнала
по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот
продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди,
информираат од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави
предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па
притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото
пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.