Лидер на партија, кој според сведочења и докази доставени од екс членови на Левица, лик кој забранил користење на знаме од Кутлеш, кој кривично ги гони Канал 5, Гоце и Михаела а не се појавува на рочишта, дополнително манипулира како да не знае дека сум го тужел?!?!?Вистината е следна - јас ВЕЌЕ го тужам за навреда и клевета!Видно од мојот планер за 14ти ноември, тој ден имам две втори рочишта за клевети и навреди, во кои ги тужам Џабир Дерала и Димитар Апасиев.
Но, главната причина што почитувачот на ликот и делото на најголемиот балкански диктатор, Енвер Хоџа , лик познат како Димитар Апасиев, се однесува за мене политички неодговорно, е едноставна - БЕГА ОД ГОСТУВАЊЕ кај мене на „кавга“, претпоставувам знаејќи што се' јавноста ќе може да слушне за него и за неговото политичко битисување...и јас да бев на местото на Апасиев, и јас не би дошол кај Иван. Подолу се пораките/покани кои му се пратени преку Вајбер од мои колеги, а дополнително во неколку наврати и јас и моите колеги од Канал 5 ТВ го повикуваат да седне на столчето наспроти мене во „на кавга со Иван“, емисија која има одлична гледаност како на Канал 5 ТВ така и на нашиот youtube канал.
Ајде Апасиев, само за твој атер во студиото ќе обесам и едно знаме од Кутлеш, се’ само за да ти ми се чувствуваш исполнето и неизмамено од „џганот“.И да, јас во меѓувреме ручав, и не ти ја прифаќам поканата за ручек.
#MajkaBezhanijaNikadNijePlakala#KuKu#Dimokio