Премиерот Христијан Мицкоски заедно со неговиот косовски колега Албин Курти na отпочнувањето со работа на заедничкиот граничен премин со Косово, Долно Блаце – Елез Хан, како дел од проектот „One Stop Shop“.
Премиерот Мицкосви, на анстанот, изјави:
Ние не ја градиме само инфраструктурата на граничниот премин, ние ја градиме инфраструктурата на меѓусебната доверба.
Градењето на меѓусебна почит и партнерство не се случува преку ноќ.
Меѓутоа, секој чекор, секој договор, секоја заедничка одлука нè носи поблиску до визијата за еден регион на отворени врати, на стабилност и на прогрес.
Нема веќе чекање со часови на границата. И работата и делата кои носат подобар живот се најдобриот начин за сите граѓани. Поврзувањето, работата и проектите како овој да, тоа носи подобар живот. И тоа е мојот личен и фокус на македонската Влада.
Денешниот чекор е повеќе од билатерална политика – тој е дел од една поголема слика.
Слика во која целиот Западен Балкан се движи во иста насока – кон Европската Унија. Оваа заедничка гранична точка не е само премин помеѓу две држави.
Таа е премин кон европските вредности – на соработка, на интеграција и на слободно движење.
Како што рече големиот архитект на Европа Жан Моне: „Ние не обединувавме држави, ние обединувавме луѓе“.
Денес, решивме да бидеме генерација која ќе учи преку поврзувања.
И денешниот ден ќе остане забележан како ден кога одлучивме дека иднината почнува овде – со еден пасош, со едно застанување, во две држави кои гледаат во иста европска насока.
Нека овој премин биде почеток на уште поголеми проекти.