Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел

„Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната“

5. 06. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната“

-Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки на Алијансата за актуелните безбедносни прашања, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Мисајловски.

Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната и модернизација, истовремено ја зајакнуваме интероперативноста со сојузниците и партнерите и градиме отпорност и одвраќање од современите закани со една цел колективна безбедност – сигурни граѓани.

Facebook/Vlado Misajlovski
Facebook/Vlado Misajlovski


Глобалната безбедносна рамнотежа се менува, а тоа значи дека како НАТО членка мораме да бидеме подготвени да дејствуваме проактивно, со зајакната координација и одлучност, пишува во својата објава Мисајловски.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата