ДАНЕЛА СЕ СПРЕМА ЗА РИЈАЛИТИ ШОУ, кариерата во политиката и е загубена, бара нова забава за јавност

31. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДАНЕЛА СЕ СПРЕМА ЗА РИЈАЛИТИ ШОУ, кариерата во политиката и е загубена, бара нова забава за јавност

Градоначалничклата на Скопје на заминување, Данела Арсовска, неколку дена се обидува да остави впечаток во јавноста шетајќи по Чаир и посочувајќи примери на дивоградби со намера да им помогне на ДУИ а да влијае на штета на рејтингот на ВЛЕН.

Овој предизборен хепенинг во јавноста предизвика потсмев, особено во однос на нивото на култура и однос кон јавноста на Арсовска, а и потсеќавање на граѓаните ан Скопје на сите промашувања во целиот нејзин мандат од блокади на градскиот сообраќај поради долг од 9 милиони евра за гориво за автобусите кон фирмата Пуцко петрол, па се до вкупната состојба на градот Скопје во однос на мсовна корупција, неефикасност на градските јавни претпријатија и низвршувањето на неејзините основни градски надлежности и обврски.

Обвинителството ја повика да даде конкретни примери и документација за евентуланите дивоградби, наместо да прави шоу пред јавноста. Таква документација се уште нема.

Патем, Арсовска, свесно или сепак несвесно, направи промоција на ВЛЕН пред Албанците во Чаир и Скопје затоа што како партнер на ДУИ, СДСМ и Левица посочува барање за уривање и одземање објекти во Чаир кои се претежно во сопственост на етнички Албанци.

Во ВЛЕН ја препознаа можноста да ги постестат на ова преку соопштение:

“Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против ВЛЕН и против Албанците од Чаир!

Да, добро прочитавте! Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од ВЛЕН.

Чаир е нападнат со сите средства: политички, а сега идеолошки, преку трио кое не дели ниту вредности ниту принципи, туку само страв од губење. ДУИ одлучи да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре моментумот на ВЛЕН.

Но, тие нема да можат да го спречат тоа. ВЛЕН е гласот на народот, тоа е волјата на мнозинството и тоа е иднината која се приближува со сигурни чекори. Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир!“

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата