Ултра брзиот моден бренд и онлајн продавница Shein го освојува светот. И сега е најавено отворањето на нивната прва продавница.
Шејн отвора продавница каде што не може да купува.
Продавницата ќе се наоѓа на улицата Cat во Токио. Но, таму не може да се купи ништо, ќе служи како изложбен простор. Отворањето е закажано за 13 ноември во познатата област Харајуку.
Затоа, клиентите ќе можат да ги видат работите и потоа да ги најдат во апликацијата преку QR кодот и да ги нарачаат онлајн. Тоа е интересен концепт кој досега не е виден, но ако се покаже дека е профитабилен, не се сомневаме дека ќе видиме повеќе локации на продавници на Shein во кои нема да се купува.
Но, во оваа во Скопје, на улица Македонија, се купува. И тоа многу ефтина облека, увезена веројатно од секаде.
Застаклена летна тераса од кафуле на улица Македонија во центарот на Скопја пред околу еден месец стана бутик на Шеин, што сеуште го нема никаде во светот.
Иако со тоа се узурпира јавна површина, односно пешачката зона во строгиот центар на главниот град, никој од локалните власти не реагира. Инспекторите од Општина Центар не се излезени во центарот за да го санкционираат узурпирањето на пешачката зона.
Сопственикот на бутикот не може да има дозвола и не може облеката да ја продава на јавна површина, но иако поранешна застаклена летна тераса веќе еден месец е претворена во продавница на плочникот од главната пешачка улица во Скопје, тоа никој не го забележал.
Освен узурпација на јавна површина, засега нема информација од царинската управа и министерството за економија дали станува збор за шверцерски бизнис или се работи за уредно регистрирана и платена франшиза и оцаринета роба.
Но, како би можело да биде франшиза и уредно царинета роба, кога Shein не продава во дуќани никаде во светот?
Со оглед на фактот дека модниот бренд Shein го најави отворањето на првиот изложбен салон за 13 ноември во Токио, покрај оној во Осака, веројатно се работи за злоупотреба на туѓ бренд и недозволена трговија во центарот на Скопје.
Фото: Приватна архива илустрација