Настана од мала
холандска стартап компанија, „Букинг“ денес е една од водечките светски
дигитални компании во областа на патувањето. Поврза милиони патници со широк
спектар на сместувања, од апартмани до хотели. Достапно е на 43 јазици и има
повеќе од 28 милиони регистрирани сместувачки единици ширум светот.
Кај нас и во Србија
нема претставништво, но во Србија има проблем што оваа платформа рекламира
нерегистрирано сместување и со тоа ја поттикнува сивата економија, пишуваат
српските медиуми.
Додека истото
прашање се поставува и за Македонија.
Како што се
додава иако се обврза да работи во сите земји во согласност со националните
прописи, во случајот со Србија не е така - законите го диктираат токму
спротивното од она што го прават.
Се додава дека одржани
се повеќе состаноци на ресорното министерство и претставници на оваа компанија,
но конкретно решение се уште не е постигнато.
Српскиот предлог
бил „Букинг“ да огласува само објекти кои при регистрација на оваа компанија ќе
треба да и приложат единствен матичен број, кој го добиваат од Централниот
информативен систем на е-Туристи. Практично би биле регистрирани, но засега од
оваа фирма велат дека тоа е неприфатливо за нив.
Има најави дека
Србија ќе бара решение за овој проблем на ниво на Европската унија. Инаку, оваа
компанија е тужена од Хрватска, Австрија и некои скандинавски земји поради овој
и слични проблеми. Турција, на пример, ја забрани нивната работа додека не почнаа
да се усогласуваат со локалните прописи.
„Букинг“ ги смени
и начините на плаќање, па во моментов гостинот му ја плаќа сумата на
огласувачот, тој веднаш го плаќа соодветниот дел на сопственикот на
сместувањето, откако ќе ја одбие провизијата, а сопственикот потоа наводно сам
треба да го плати данокот. Тоа, се разбира, не се случува бидејќи има малку
пријавени сместувачки капацитети.
И така државата
останува без пари од даноци, а локалните самоуправи без сумата што им следува
од туристичките такси. Да не зборуваме за штетата што може да ја предизвикаат
доколку туристите имаат лошо искуство како резултат.
И од
Министерството за туризам на Србија предупредија дека проблемот е што оваа
компанија при соработка со сопствениците на недвижности доделува и ѕвездички за
квалитетот на сместувањето, што не одговара на категоризацијата според нашите
прописи. Наводно, на состаноци од оваа компанија предлагале да учествуваат во
кампањи поврзани со едукација на оние кои се рекламираат на нивната платформа.
Експертите велат дека тука голем проблем е што Србија не е членка на ЕУ и дека
проблемот со „Букинг“ нема да заврши се додека има таков статус.
Хрватска еднаш го
имаше истиот проблем, а по влезот во ЕУ „Букинг“ автоматски ги промени
правилата. Соговорници од туризмот тврдат дека Србија може да го забрани
бизнисот на оваа компанија додека не се исполнат условите. Сепак, тоа е малку
веројатно.