ОДБИЛЕ ИНСПЕКЦИЈА: Русија го забранува увозот и транзитот на овие производи од ЕУ

10. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОДБИЛЕ ИНСПЕКЦИЈА: Русија го забранува увозот и транзитот на овие производи од ЕУ

Русија од следната недела ќе забрани увоз и транзит на рибни производи од неколку компании од ЕУ, откако надлежните органи одбија да извршат инспекција, соопшти Руската служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор.

„Руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор ќе забрани од 12 мај 2025 година увоз на сите рибни производи на неколку компании од ЕУ, нивен транспорт низ територијата на Руската Федерација и транзит во трети земји“, се вели во соопштението.

Забраната се однесува на производите на две компании од Естонија и Данска и една од Франција.

Одлуката за забраната е донесена бидејќи надлежните органи на земјите-членки на ЕУ одбија да спроведат инспекција кај преработувачите на риба кои испорачуваат производи во земјите-членки на Евроазиската економска унија, забележува ТАСС.

Членки на Евроазиската економска унија се Русија, Белорусија, Казахстан, Киргистан и Ерменија.

Руската служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор испрати известување до своите европски колеги дека е подготвена да спроведе инспекции во претпријатијата за преработка на риба во мај, според руската новинска агенција.

„Сепак, нивните надлежни служби не нè информираа за можноста за инспекции, што според законот значи дека ги одбиле“, објаснува Руската агенција за ветеринарен и фитосанитарен надзор.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата