Значително подобрена ситуацијата со пожарите на Пелопонез и Хиос

15.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Значително подобрена ситуацијата со пожарите на Пелопонез и Хиос

Пожарите избувнаа во вторникот, а огнената стихија предизвика материјална штета што дополнително ќе се проценува.

Поради синоќешните разгорувања, утрово продолжуваат да се интервенира од воздух и на Пелопонез и на Хиос.

Во четирите грчки области каде што во вторникот избувнаа големи шумски пожари, според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“, изгорела површина од над 10.000 хектари.

Поконкретно, на островот Хиос процените се дека огнената стихија зафатила површина од околу 4.300 хектари, на Закинтос околу 2.300 хектари, во околината на Превеза околу 2.600 хектари и во областа Ахаја околу 920 хектари. /МИА.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата