Во Белград студентите во блокада најавија за попладнево протест - Сакаме избори

30.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Белград студентите во блокада најавија за попладнево протест - Сакаме избори

 Протестот ќе почне  во 16.30 часот со собирање во центарот на главниот град на Србија, ќе се протестира пред Високото јавно обвителство и ќе заврши околу 20 часот пред зградата на Владата. 

Текстот со кој студентите бараат распишување вонредни парламентарни избори ќе биде прочитан во 19:45 часот, по што ќе следат говори што ќе го означат крајот на протестот.

На 1 јуни цела Србија ќе биде на нозе, објавија доцна синоќа студентите во блокада, најавувајќи протести во бројни градови во државата. 

Списокот на места за собирање секојдневно се проширува. Се очекува во наредните денови да се приклучат повеќе градови на студентските протести.Со наводи дека „децентрализацијата се вчитува“студентите во блокада објавија список на повеќе од 20 градови каде, очигледно, ќе протестираат на 1 јуни.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата