Владата на Федерацијата БиХ прогласи 18 март за Ден на жалост поради трагедијата Македонија

17.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата на Федерацијата БиХ прогласи 18 март за Ден на жалост поради трагедијата Македонија

Најмалку 59 млади лица загинаа, а 155 македонски и странски државјани беа повредени во голем пожар во преполниот ноќен клуб во Кочани, во Македонија, на 16 март откако се запали таванот на клубот и падна врз присутните за време на концертот на групата ДНК.

Од повредените 84 пациенти се лекуваат во домашните болници, а 51 пациент се лекува во странство.

Македонија официјално го активира Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, првично барајќи итна евакуација на 15 пациенти со тешки изгореници. Како одговор, девет европски земји – Хрватска, Грција, Романија, Словенија, Шведска, Литванија, Унгарија, Луксембург и Норвешка – веднаш понудија помош преку овој механизам.

За несреќата се осомничени 23 лица, 11 лица се во притвор. Истрагата се уште е во тек.

На 16 март, по несреќата, Владата на Македонија прогласи седумдневна жалост во целата земја, а досега утрешниот 18 март за ден на жалост го прогласија и владите на Србија, Црна Гора и Бугарија. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата