Веб-страницата на општина Тирана мета на ирански хакери

20.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Веб-страницата на општина Тирана мета на ирански хакери

Во објава на Телеграм, „Homeland Justice“ се наведува дека извршиле кибернапад врз веб-страницата и дека таа моментално е недостапна. Во споделената порака, групата „Homeland Justice“ пишува дека „Сите овие активности ги спроведе Општина Тирана, денес тие се казнуваат за своите постапки. Ја симнавме нивната веб-страница, ги зедовме податоците и ги избришавме серверите, објавија албанските медиуми.

Во објавата поставени се фотографии од официјалната веб-страница на Општина Тирана пред и по кибер нападот, додека во друга порака тие велат дека ја предупредиле Албанија да „ги протера терористите на МЕК“.

„Општина Тирана сега е надвор од функција. Градските услуги се прекинати. Ве предупредивме да ги протерате терористите на МЕК од албанска почва. Но, вие ги препознавте како легални бегалци и им дадовте погодности, како што се лажни лични документи и пасоши. Сегашната ситуација ја предизвикаа лидерите на албанската Влада. Збогум на градските услуги и сообраќајот. Нашиот договор со вас ќе продолжи, пишуваат тие на Телеграм.

Не е првпат албански институции да бидат мета на кибернапади. Во 2022 година, онлајн државните служби во Албанија беа нападнати од четири софистицирани хакерски групи поддржани од иранската држава. Веднаш потоа Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран и ги протера дипломатските претставници.

Албанија прифати околу 4.000 Муџахедини кои се сместени во камп во близина на Драч.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата