Ужас во Солун: Албанец ја убил сопругата со 40 убоди - му се искривиле ножевите па си пресудил

13. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Солун: Албанец ја убил сопругата со 40 убоди - му се искривиле ножевите па си пресудил

Според пишувањата Прототема, убиената е по потекло од Албанија, а најверојатно и нејзиниот сопруг.

Страшниот инцидент, кој се случил вчера, ја потресе цела Грција. Според истрагата, несреќната жена се здобила со повеќе од 40 убоди по целото тело, а се претпоставува дека убиецот употребил дури четири ножеви, кои биле свиткани од силината на убодите.

Монструмот ја избодел сопругата во вратот, лицето, рацете и стомакот, а полицијата ги пронашла и ги одзела крвавите ножеви. Парот во бракот имал две ќерки, кои сега имаат 16 и 21 година. Девојките биле толку шокирани од сето она што се случило што не можеле да дадат изјави во полиција.

Според пишувањата на медиумите, никогаш досега немало пријави за семејно насилство. Оние кои ги познавале велат дека не слушнале дека парот има некакви проблеми. Притоа, соседите велат дека вчера, околу пладне кога се случило злосторството, не слушнале ништо чудно, ниту пак слушнале вресок или повици за помош.

"Не можам да верувам дека ја нема. Беше одлична личност, тивка, секогаш се грижеше за децата", рекла колешката на убиената, додавајќи дека секое утро оделе заедно на работа.

Таа посочува дека убиената знаела да ѝ се пожали дека има проблеми со сопругот, но дека не открила кои точно се проблемите.

„Секогаш се смееше и никогаш не се жалеше на проблеми, се соочуваше со насмевка“, вели нејзината колешка.

Колешката истакнува и дека го видела сопругот и дека тој секогаш бил љубезен и фин и дека не зборувал многу.

Во моментот на убиството децата не биле дома. Помладата ќерка била на училиште, додека постарата извршувала други обврски.

„Секогаш беа тивки“

Соседите велат дека семејството било повлечено и тивко и дека никогаш не слушнале расправија од станот. Ниту на денот на убиството.

"Никогаш ништо не слушнавме од тој стан. Ние сме веднаш до вратата. Никогаш галама, ништо. Одеа на работа, беа нормално семејство, имаше деца... Ова е како гром од ведро небо. Ги видов заедно на тераса.Излегов од станот наутро, но ништо не слушнав", вели првиот сосед.

Посочуваат дека семејството се вселило неодамна, дека изгледа немале финансиски проблеми и дека и убиената и нејзиниот сопруг работеле.

„Она што се случи зад затворени врати можеби им е познато на нивните најблиски“, додаваат соседите.

Според пријателите, убиената жена ќе биде погребана утре во Албанија, каде што е родена, а планот е и телото на убиецот потоа да биде пренесено и погребано во Албанија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата