Ужас во Грција: Син се јавил во полиција и им кажал дека си ја убил мајката

26.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ужас во Грција: Син се јавил во полиција и им кажал дека си ја убил мајката

Според првичните информации, сторителот, кој има 50 години, се јавил во полиција и рекол дека ја убил мајка си, пренесе Катимерини.

Според првичните информации, жената била пронајдена во креветот избодена во вратот, додека полицајците на местото на настанот го пронашле и оружјето со кое е извршено убиството - нож.

На местото на настанот е исто така и возило на брза помош (EKAV), додека педесетгодишниот маж е уапсен. Причините за убиството на жената засега остануваат нејасни.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата