Полицијата уапсила жена (62) и маж (56) под сомнение дека влегле во хотелската соба во областа Хераклион и украле голема сума пари.
За време на апсењата, полицијата открила дека несреќните гости на хотелот не биле единствените жртви на двајцата крадци. Имено, кога биле уапсени, кај нив биле пронајдени околу 6.000 евра, за кои се верува дека ги „заработиле“ на ист начин.
Во исто време, стигнала и вест дека тинејџер ги ограбувал туристите на плажа во Ретимно, објави Катимерини.
Тинејџерот бил фатен како „кине“ две торби и се обидувал да им ги земе мобилни телефони. За среќа, туристите виделе сè и веднаш ја повикале полицијата, која брзо го уапсила младиот човек (19).