Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Уaпсени осум лица и запленето оружје во рацијата во северно Косово по нападот врз каналот

30 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

– Косовската полиција уапси осуммина осомничени и заплени оружје, вклучително и експлозиви и друга воена опрема, по опсежната операција, ден по експлозијата во каналот Ибaр-Лепенeц во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља и главниот командант на косовската полиција, Газменд Хоџа, на вечерашната конференција за медиумите, одржана во кампот на специјалните полициски сили во јужна Митровица, изнесоа детали за денешната акција, а го презентираа и запленетото оружје.

Свечља рече дека експлозијата во каналот Ибар-Лепенец, кој снабдува делови од земјата со вода, а служи и за ладење на турбините за главниот енергетски комбинат во земјата, термоцентралите Косова1 и Косово2, е „најтешката против критичната инфраструктура на земјата од војната во Косово“ во 1998-1999 година.

„Овој терористички напад не е обичен напад, туку е координиран од терористички организации... Целта беше да се нанесе максимална штета на државата Косово и нејзините граѓани“, рече Свечља.

Косовските безбедносни власти, вклучително и Косовската разузнавачка агенција, спроведоа опсежна операција во саботата на 10 локации во северно Косово, во областа, неселана со мнозинско српско население, во која се случи нападот.

„Контролата резултира со заплена на арсенал на оружје и муниција, експлозиви, разновидна опрема, вклучително и стотици униформи и воена опрема. Тие ќе послужат како доказ за овие кривични дела“, рече Свечља.

Директорот на косовската полиција, Газменд Хоџа на заедничката прес-конференција со министерот за внатрешни работи, рече дека во нападот на каналот Ибер-Лепенец бил употребен експлозив до 20 килограми.

„Врз основа на истрагите на местото на настанот, постои сомневање дека за извршување на овој терористички напад било употребено поголемо количество експлозив - меѓу 15 и 20 килограми. Експлозивот бил ставен во црна кеса и се активирал со механички детонатор, преку бавно горечки фитил“, изјави Хоџа.

Од полицијата велат дека експлозијата предизвикала големи штети, поради што во многу области и локалитети е прекинато снабдувањето со вода за пиење.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ