Скандалозниот случај почнал да се одвива пред една недела кога жената пријавила во полиција дека непознат маж ја силувал и претепал додека се сончала на плажа и дека потоа исчезнал.
Иако успеал да се крие од полицијата една недела, тие го пронашле, ни помалку ни повеќе, преку отпечатоци од прсти.
Во еден момент, додека жената објаснувала што ѝ се случило, таа рекла дека се обидела да го земе мобилниот телефон и да повика помош, но дека сторителот ѝ го грабнал од рацете и го ставил настрана.
Потоа полицијата го побарала нејзиниот телефон, а од него биле земени отпечатоци од прсти и испратени во лабораторија на испитување.
Анализата утврдила дека отпечатоците од прсти му припаѓале на Турчинот кој и претходно бил пријавен за силување и грабеж.
Тој бил уапсен вчера и е во притвор.