Бил среќен што ќе ја омажи својата внука, наздравувал и танцувал, а потоа во еден момент само побарал стол и штом седнал, се струполил на подот.
Трагедијата се случила вчера во Патра, додека младенците танцувале со свадбената дружина. Дедото се забавувал со нив, а потоа само се повлече назад за да седне. Во следниот момент, тој лежеше на подот, а шокираните свадбени гости се стрчаа да му пружат прва помош.
За жал, немало начин да го спасат.
Медиумите јавуваат дека станувало збор за 85-годишен маж.