Телефонски разговор Герапетрис - Коен

15.10.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Телефонски разговор Герапетрис - Коен

Недвосмислената осуда на Грција за секој терористички акт и нехумано постапување, ја повторил шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со неговиот израелски колега Ели Коен, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис во разговорот со Коен изразил „сочувство за жртвите од терористичките напади од Хамас“ и ја истакнал „потребата за хуманитарна заштита на цивилите“.

На заштитата на цивилите во појасот Газа се осврнал и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговор вчера со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху.

Паралелно, Мицотакис ја потврдил неговата поддршка за „правото на Израел на самоодбрана“. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата