Студентите од Србија кои „патуваат за правда“ стигнуваат во Брисел

12.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Студентите од Србија кои „патуваат за правда“ стигнуваат во Брисел

Во рамки на ултрамаратонот насловен „Од Нови Сад до Брисел - Патување од 1.950 километри за правда“, 21 студент од Србија, пред да стигнат до Белгија, со штафетно трчање минаа низ Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Франција и Луксембург.  

Маратонот е дел од шестмесечната кампања за барање одговорност и правда за 16-те загинати при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година.  

Предвидено е за време на престојот во Брисел студентите-маратонци да се сретнат со претставници на повеќе европски институции за да разговараат за „нивните барања за одговорност, правда и демократија“. 

Студентската иницијатива, што започнаа со 16-минутен протестен молк во чест на 16-те изгубени животи на железничката станица во Нови Сад, изминативе месеци прерасна во масовно протестно движење со барање одговорност за трагедијата, транспарентност во работата на државните институции и крај на системската корупција во Србија. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата