Во еден момент дојде и до судир со полициската жардармерија (атмосфера)
Во целата ситуација, најтешко помина полицаец во цивилна облека, за кој прво властите ги обвинија студентите, но денеска се појавија видеа на кои се гледа дека тој е удрен од негов колега.
Повредениот полицаец уште синоќа во болница го посетија претседателот Вучиќ и министерто за внатрешни Дачиќ, а изјавите по посетата ги напушти српскиот претседатеч револтиран од како што рече правдањето за полициската интервенција..
-Лазар Бачиќ е тешко повреден и има телесни повреди. Неговото семејство да знае дека тој е во најдобри раце, тој тоа „машки“ го поднесе. Станува збор за искусен полицаец кој на најмирен начин ги спроведуваше луѓето да влезат внатре.- Александар Вучиќ
-Претседателе само ако може да додадам. Некои медиуми веднаш почнаа со лаги. Никаква интервенција од полицијата немало, како секогаш до сега
Не можам… Не се лутете, но не можам повеќе да го слушам ова правдање. Ви благодарам многу“-Ивица Дачиќ – минситер за внатрешни работи на Србија
Од друга страна, дел од студентите обвинуваат дека биле претепани од полицијата на синоќешните протести.
-Наш предлог е беше конечно во Србија да се разбие медиумскиот мрак и да се слушне гласот на студентите. Затоа што Радио телевизијата е телевизија на сите граѓани, а не само на некои
-Ние живееме во оваа реалност последните 30 години.
Учесниците на протестите се гневни поради тоа што на јавниот сервис биле наречени „џган“, но и начинот на кој според нив, било дефинирано студентското движење против корупцијата за време на телевизиската програма.
Поради блокадат утрово дел од вработените влегува во телевизијата во Белград преку подрумските простории (АТМОСФЕРА) – Балканотека
Инаку, следниот голем митинг е планиран во Белград в сабота на 15 март, а Вучиќ прогнозира дека демонстрантите „ќе се обидат да постигнат нешто со сила, и тоа ќе им биде крајот“. Најави дека при употреба на сила, „Многу демонстранти ќе завршат зад решетки обвинети за кривични дела“.