Како што може да се види од одлуката, парите првично биле за Трговските судови, со цел финансирање на спроведувањето судски постапки.
Средствата сега се распределуваат на Министерството за правда „со цел да се обезбедат средства што недостасуваат и се потребни за исплата на отштети на подносители на уставни жалби прифатени со одлуки на Уставниот суд во кои е утврдено кршење и непочитување на правата гарантирани со Уставот“.
Засега не е јасно за кои одлуки на Уставниот суд станува збор, но во април и март тој суд прифати голем број жалби за повреда на права, како што се правото на фер судење, на судење во разумен рок и имотни права.
Во март, Судот прифати 118, а во април 47 такви жалби, поднесени во претходните години. Претходно оваа година Уставниот суд прифати само една жалба во февруари.
Меѓу одобрените жалби има и такви што биле поднесени во 2018, 2019 година.