Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија

7.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Собири против блокадите закажани за денеска во над 100 градови низ Србија

Граѓаните кои се против блокадите ќе се соберат во повеќе од 100 градови низ Србија попладнево за мирно да демонстрираат дека сакаат да се врати нормалниот живот во државата обвинувајќи ги блокадерите дека тоа го оневозможуваат веќе десет месеци.

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе биде со граѓаните на тој собир организиран од граѓаните против блокадите.

-Ќе учествувам...Таму нема да има полиција. И никој нема да ги нападне, изјави вчера Вучиќ.

Овие мирни собири, како што рече лидерот на СНС и советник на Вучиќ за регионални прашања, Милош Вучевиќ, се одговор на граѓаните на Србија на се што се случи во изминатите месеци.

-Ова ни дава надеж за спас на државата. Луѓето само рекоа дека се борат против блокадите, дека сакаат да се вратат безбедноста и стабилноста. Луѓето сакаат да ја видат државата како функционира нормално, да биде онаква каква што треба да биде. Ние само сакаме да кажеме, вратете го нормалниот живот - изјави Вучевиќ. 

Собирите против блокадите почнаа пред две недели.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата