СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ на амбасадорката: Запалила ТОМПУС на одбележување на сеќавањето на жртвите од Јасеновац

2.10.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКАНДАЛОЗНО ОДНЕСУВАЊЕ на амбасадорката: Запалила ТОМПУС на одбележување на сеќавањето на жртвите од Јасеновац

Амбасадорката на Србија во Хрватска, Јелена Милиќ, покренала бура на Инстаграм по скандалозната објава за пречекот на митрополитот на Руската православна црква Иларион, кој служел литургија за светите јасеновачки новомаченици во Јасеновац.

– Неодамна имав чест да организирам прием за будимпештанско-унгарскиот митрополит Иларион, кој престојуваше во Република Хрватска по повод служењето на заедничка литургија за светите јасеновачки новомаченици во Јасеновац. Им благодарам на сите почитувани гости, напишала таа во објавата, а на приемот присуствувале голем број познати личности од политиката, меѓу другите и поранешната претседателка на Хрватска, Јадранка Косор.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Milic (@jelennah169)

Фотографијата која наиде на најмногу негативни реакции е онаа на која Јелена Милиќ, што во најмала рака е непримерно за амбасадор на една држава, а особено по повод собирот, пуши томпус. На втората фотографија таа е насмеана и позира со чашка алкохол.

– Велиш ти „било чест“. Навистина се сомневам дека некогаш си ја имала – е еден од коментарите под објавата.

– Се гнетело и се пиело, се палеле томпуси, што се слави? Колење??? Една проверка на реалноста за госпоѓата!! – е уште еден од коментарите, а еден корисник додал: – Каков срам си ти…

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата