Станува збор за Швајцарецот Лука Бонт, кој стана познат на социјалните мрежи по скокањето од голема висина.
Овој скок привлече големо внимание од јавноста и медиумите, но имаше и непријатна последица - откако излезе од Неретва, беше нападнат од група жители на Мостар, прво вербално, а потоа и физички, пишува Црна хроника.
Turista skočio sa Starog Mosta, Mostarci ga pretukli pic.twitter.com/O8ASgYKAg5
— Doznajemo (@Doznajemo) June 27, 2025
Иако точната причина за нападот не е сосема јасна, се претпоставува дека проблемот бил во тоа што Бонт скокнал без дозвола и дека не ги почитувал вообичаените правила, бидејќи скокањето од Стариот мост традиционално го изведуваат само членови на локален клуб со строги безбедносни мерки.
Невештото изведување на скокот се смета за опасно, и за скокачот и за другите во водата. Некои, сепак, во коментарите тврдеа дека жителите на Мостар го нападнале младиот човек бидејќи скокањето е строго резервирано за локалните момци, кои наплаќаат за „фрлање“ од мостот и заработуваат пари од туристите.
И сега еден Швајцарец скокна и покажа дека и тој може да го направи тоа...
Бонт на Инстаграм рече дека не разбира зошто бил нападнат, но се пошегува дека сега станал познат во Босна и Херцеговина.
Полицијата сè уште официјално не го коментирала инцидентот, а јавноста е поделена. Додека некои го поддржуваат Бонт како турист кој бара возбуда, други веруваат дека ги прекршил локалните обичаи и ја загрозил безбедноста.