Тој додаде дека земјата се подготвува да се приклучи на ЕУ и ги повика студентите да го унапредат европскиот дух.
- Се надевам дека пред секое понатамошно стекнато знаење, ќе го унапредите европскиот дух. Колку е лесно овој дух да биде поткопан, особено во моменти на криза. Колку е кревка слободата. Јас сум роден, израснат и живеев половина од мојот живот, изолиран од Истокот и Западот. Бевме Северна Кореја во центарот на Европа. Европа беше соѕвездие, црно-бел сон, истакна Рама..
Тој нагласи дека Албанија и во 1989 година била подеднакво изолирана и од Западот и од Истокот.
- Другите ги отворија границите, ние останавме во нашите бункери. Транзицијата што дојде беше хаотична, па дури и трагична. Демократијата, институциите, владеењето на правото бараат децении. ЕУ не е само унија на економии, туку најсофистицирана машина за трансфер на знаење. Мора да останеме со ЕУ. Не се откажавме, посочи албанскиот премиер.