Дасер има 37 години и е поранешен германски професионален боксер кој ја освоил европската WBO титула во крузер категорија во 2017 година.
Тој бил донесен во Ургентниот центар во Белград околу 04:00 часот со две прострелни рани во потколеницата. Како што пренесуваат српските медиуми, бил ранет во ресторан, а потврдено е дека имало двајца напаѓачи.
Кога станува збор за неговата спортска кариера, Дасер имал 13 борби од 2009 до 2017 година и ги добил сите. Шест од победите биле со нокаут.